Пливање

159
160
161
162
163
164
165
166
167
168
169
170
171
172
173
174
175
175
176
177

Влеговме во метрото и тргнавме кон стадионот. Беше доцна попладне. Некој рече дека мораме да одиме порано, за да фатиме место пред самата бина, и тргнавме. Бевме меѓу првите на влезната врата. До почнувањето на концертот имаше уште четири саати. Ако нè видат кога сме дошле, ќе треба да не пуштат не во прв ред пред бина, туку на бина горе, си помислив. Некој предложи да земеме Столичнаја за на концерт. Во близина имаше самопослуга, иста како во Скопје. Исти рафтови, исти смуртени продавачки, огледала на таваните за да се види кој како краде. Некој рече дека нема да нè пуштат со алкохол внатре. Затоа зедовме и некој сок во пластика, да ја камуфлираме вотката во тоа шише. За почеток, зедовме две од по пола литар. Тогаш мислевме дека ќе ни биде доволно за целата вечер, но испадна дека само сме почнувале. Во тие 3 и пол саати додека не ги отворија вратите на НЕП, одевме во самопослугата неколку пати. Ги ебавме сите форинти. Јас отидов уште еднаш и дрпнав едно шише. Имаше толку фанови на Боњие внатре што никој не ме забележа. Марс носеше бубреже и ги собра сите наши документи во него. Тој се чинеше најтрезен од сите. А, беше и најстар, па некако ни беше најсигурен. Ги пазевме пасошите ко очи в глава: оние црвени пасоши со грбот на СФРЈ, со кои одевме кај ќе ни текне, кога ќе ни прдне. Сега некои луѓе есеи пишуваат за тие пасоши. Но, да се обрнува толку внимание на некаков документ, тоа е сепак премногу за мене. Макар и документот да е само симбол. На една пропадната, распадната и разебана до коска… држава која како да изгоре од пресилниот оган на факелите од здружените републики & покраини.

2018-08-21T17:20:41+00:00 септември 9th, 2015|Categories: Проза, Литература, Блесок бр. 100|