Пливање

159
160
161
162
163
164
165
166
167
168
169
170
171
172
173
174
175
175
176
177

Почнавме да излегуваме како што влеговме. Стадо мрднати крави. Секако, ги загубив сите. И Марс со пасошите, и Владо Турчинот мојот братучед, и оној кој можеби го имаше шишето со вотката, ако имаше вотка во него. Тгрнав кон станицата на метрото. Светлата на Будимпешта пливаа околу мене. Бев како голема, обла риба. Замелушен. Влегов во метрото без карта, немав ебана форинта во мене. Си помислив, ќе биде супер да ме фатат како се шверцам, а ни пасош ни бутур немам. Не знаев за што би ми послужил бутурот во некоја таква ситуација, ама и тој беше тука. Запалив цигара додека го чекав возот. И тоа беше забрането. Си помислив, ќе биде супер… но никој не ми рече нешто за цигарата. Метро станицата беше преполна со пијани и надувани фанови на Боњие. Јас бев само еден од нив. Капка во морето пот, толпа и бука.
Погледнав на часовникот на станицата. Нашиот воз тргнуваше за 25 минути. Останав овде, ебате беља…

2018-08-21T17:20:41+00:00 септември 9th, 2015|Categories: Проза, Литература, Блесок бр. 100|