Пливање

159
160
161
162
163
164
165
166
167
168
169
170
171
172
173
174
175
175
176
177

Ја земав на сите места, ја земав со сето мое тело и кога не јадевме водевме љубов. Почнав да помислувам дека сме откриле начин како да се прескокне спиењето. Водевме љубов со затворени очи, бавно како две змии под силно сонце, дишевме рамномерно, се превртувавме низ нашите сокови и зборувавме со сите сетила. Почнав да насетувам како нејзиното срце пулсира низ моето тело, низ целото мое тело и низ мојот ум, и сè што кажуваше беше прекрасно блиску до вистината, беше тоа како да сме влезени во вода, во силна голема вода, и како да се разложуваме во неа на сите наши составни делови, на сите наши делови сè до најдробното во нас, и станувавме дел од големата силна вода што го обвива светот во своето непрекинато движење.

Кога сега ќе помислам на тоа, разбирам колку нормално сум ги примал сите нешта. Нормално како што е нормално да се диши за да се живее. Чудно е како луѓето со леснотија ги прифаќаат сите благодети што им се нудат; како да е тоа сосема вообичаено, како тоа да се подразбира. Се чини дека никој не помислува да се бори за она што го има; сите се обидуваме да го задржиме она што го губиме.

2018-08-21T17:20:41+00:00 септември 9th, 2015|Categories: Проза, Литература, Блесок бр. 100|