Пливање

159
160
161
162
163
164
165
166
167
168
169
170
171
172
173
174
175
175
176
177

Ги отворив очите и ја видов, со нејзината насмевка, со светлокафените очи и чаша кафе во раката. Рече Добро утро и јас се насмевнав. Ја собрав косата, го кутнав вратот под студениот млаз на чешмата и се протегнав.
– Добро си потегнал сношти – рече, покажувајќи на шишето. Беше речиси празно.
– Имав гости.
– О? – изговори низ смеа.
– Акцијашите.
– Нешто се дошептуваа кога влегов кај тебе.
– Такви се.

Нè прекинаа само еднаш, нудејќи ми спортски весник. Снежана делуваше напната. Зборувавме неважно. Додека таа се бришеше со влажно шамивче крај лавабото, почнав да запаѓам во дремка што и не беше тоа. Слушав сè, знаев дека сум потполно буден, но сликите што ги имав в глава беа инакви од што било друго што пред тоа сум го видел, или помислил или почувствувал. Мојата глава почна да пишува, и најверојатно не постоеше начин да ја сопрам. Не се обидов да ја сопрам. Сребреното ждребе почна повторно да баботи во просторот околу мене. Овој пат, чекорот му беше тежок и бавен. Ждребето чекори и при секој чекор удира гром. Зад затворените очи гледам молњи по моето тело; од рамениците надолу и од стапалта угоре. Молњите се сретнуваат во лизгањето по моето тело околу препоните и таму бурно ѕунат. Во моите гради еруптира. Ждребето татни, неговата грива го обвиткува моето тело. Некаде далеку, свири кемане и уште некој жичен инструмент од дамнина. На курот ги чувствувам соковите на Снежана измешани со мојата сперма. Потоа, таму се нејзините усни, устата, јазикот. Дали го слушаш? ѝ велам. Таа промемолува мхм, и продолжува. Потоа, ја плакне устата, ги мие забите со мојата четкичка и ме брише со влажно шамивче. Дали си орел или ластовица или галеб? прашува. Орел, велам без да размислувам. Дали си лав или коњ или хиена? прашува. Коњ сум, велам, со грива од сребрени молњи. Зошто си орел? прашува. Заради височините и самотијата, одговарам од зад склопените клепки. Нејзините усни постојано го истражуваат моето тело. Зошто си коњ? прашува. Коњот е патник, ѝ велам и ги вплеткувам прстите во нејзината коса што ме милува по градите. Кога узна дека мораш да откриваш сам? прашува додека го завлекува јазикот во мојот папок. Кога лежев три дена без јадење на подот од мојата соба, велам, и чувствувам како молњите влегуваат во неа и како потреперува по секој мој збор. Повторно имаш ерекција, а тоа ми пречи во одгатнувањето на метафората за тебе, вели и се качува на мене. Влегувам одеднаш, како питон во дувло. Мојата ерекција е од ментална природа, ѝ велам и загризувам во едно нејзино раме. Имаш чувства и моќ, вели, додека благо ме притиска со нејзината внатрешност. Тоа може да ги исплаши луѓето еден ден, вели. Некои нема да ти веруваат, вели таа, а некои ќе сакаат да те уништат или да те покорат. За тебе, вели, покорувањето е посрамно од пораз. Имаш и чувства и моќ, вели пак. Да, но немам свест за себе, ѝ велам, и се исправам, па ја кревам и ја спуштам на масата крај нашиот кревет. Ова е наш кревет, си велам, и полутивко изговарам: Помислив дека ова е наша соба, кога вчера ги отвори прозорците. Секој дел од планетава е наша соба, додека сме блиски во душите, вели таа а јас не велам ништо зашто така мислам. Мојата сперма истекува во неа, со бавност на тешка стапалка и вечноста отчукува низ моите жили. Таа се стресува под мене, неколкупати, јас ѝ ги бакнувам градите, усните, ушите, челото и полека излегувам од неа. Сè уште имам блага ерекција и сето тоа продолжува…

2018-08-21T17:20:41+00:00 септември 9th, 2015|Categories: Проза, Литература, Блесок бр. 100|