Пливање

159
160
161
162
163
164
165
166
167
168
169
170
171
172
173
174
175
175
176
177

Озана се затрча кон мене, мамурниот, и силно ме прегрна. Имаше марама врз долгата руса коса, и широка туника и ленонки за сонце и ѕвонарки и широки чевли. И еден куп гердани на вратот. Најмногу плетени.
– Гледаш дека те познав?
– Чудно.
– Нема тука ништо чудно. Ја знаеш приказната за прозорците на душата, нели?
– Каква ми е душата?
– Сталожена. Мирна. Како … златна прашина…
Дали ми го најде клучот, да ме отвориш однатре, да ме куртулиш, помислив.
– Што е тоа со прашината?
– Лелеава е… Како студено бело вино во летно попладне.
– Ајде, те носам на пиење. Ги шпарав париве за нас двајца, да ги спичкаме денеска.
Прво пиевме црно вино. Па коњак. После јадевме некои мрсни месишта. Го шпартавме Загреб наваму-натаму, ама јас некако цело време се држев до плоштадот на Бан Јелачиќ. Тука ми беше центарот на срцето на градот, тука бев како дома. Ми беше прпа од касарната.
Ме прегрнуваше, ме бакнуваше, се смееше однатре. Озана моја, колку сила ти треба да го правиш ова, си мислев, и ја следев. Ми ги покажуваше ефтините бирцови, добрите сали за билјард, неугледните но добри ресторани. Ако некогаш излезеш без мене од касарна, ми рече, да знаеш каде да одиш. Во униформа нема да те сакаат како сега, но ќе се снајдеш.

2018-08-21T17:20:41+00:00 септември 9th, 2015|Categories: Проза, Литература, Блесок бр. 100|