Пливање

159
160
161
162
163
164
165
166
167
168
169
170
171
172
173
174
175
175
176
177

Бев толку пијан на концертот што не се сеќавам баш на сè. Знам само дека музиката ми се чинеше тивка, а веднаш до мене стоеше една русокоса со убав мирис и дебели прсти на дланките. За музиката зборувавме на паузата, Турчинот рече дека сме ги слушале само мониторите и малите засилувачи од бината. А тоа беше демек турнејата Соунд & Висион. Немаше ни нешто посебно за гледање. Никогаш не сум се палел на блиски средби со славни фаци. За русокосата не зборував со никого, до неколку години потоа, кога една моја тогашна девојка ми рече дека после концертот на Боњие во Загреб се вратила во Скопје, се качила на една висока кула и сакала да се самоубие со скок од 15-от кат. Морав да ѝ кажам колку е шмизла, па ѝ реков дека додека таа копнеела по Боњие од далечина, јас сум поебал една жута пред негови очи, во првиот ред под бината на концертот во Будимпешта. Не беше сигурна дали ја мафтам, но потоа некако односите ни се поправија: секогаш кога ќе почнеше да драми за нешто, добиваше една приказна која ја акаше од земја.
Го шетавме пластичното шише полно Столичнаја помешана со вкусот на сокот. Го вртевме во круг како џоинт. Боњие беше во бело, се смееше со неговите порцелански заби и карминисаните усни. Не, од таа далечина не можев да видам дека се порцелански. Ја знаев приказната за неговите заби, имав видено фотографии на кои се смее со некои црни парталчиња на непцата, остатоци од неговите неодржувани заби. Баш бев накурчен. Пропатував илјада и кусур километри за овој концерт, а само маани наоѓав. Веројатно затоа што не ме допре. Не помина низ мене, туку само покрај. Статион то статион… Како воз на крајпатна станица. Лошо беше што јас бев станицата. Покрај патот, хех. Облеан со прашина и молк, среде толпа, пот и бука.

2018-08-21T17:20:41+00:00 септември 9th, 2015|Categories: Проза, Литература, Блесок бр. 100|