Пливање

159
160
161
162
163
164
165
166
167
168
169
170
171
172
173
174
175
175
176
177

– Уште два саати до полноќ – рече Озана. – Уште колку имаш?
– Уште толку.
– Сега, што праиме?
– Следната кафана, да имавме пари.
– Имаме…
– ?
– Мајка ѝ на Мирта сè уште мисли дека на војниците треба да им се помага…
– Сереш…
– Ми даде три стотки, да ти се нашле. Тоа беше додека татко ѝ на Мирта ти ја точеше последната пијачка.
– Може не се толкави серковци какви што ги мислев.
– Баш се добри луѓето! Им доаѓаш дома ненајавен, со девојка која не е е нивната помлада ќерка, им кажуваш дека ќе одиш во војска а мене ме пипаш кога ќе ти дојде, тие постојано ти точат, и на крај и пари ти даваат. Па, што да ти кажам… Баш се серковци, нели?
– Добро де, не се. Само не можам да си објаснам зошто ме сакаат толку.
– Зашто си каков што си. Знаат дека не ги цифраш многу, ама и знаеш да бидеш пристоен колку што треба.
– Супер, сега јас испаднав серко….
– Не, драг мој, ти си серко од кога те знам. И баш те сакам таков!

Два часа пред влегување во касарната, како да се којзнае што. Малку време, колку да се разменат неколку бакнежи и нежни прегратки.

2018-08-21T17:20:41+00:00 септември 9th, 2015|Categories: Проза, Литература, Блесок бр. 100|