Пливање

159
160
161
162
163
164
165
166
167
168
169
170
171
172
173
174
175
175
176
177

Во 10 вечер тргна возот. Емили и сестра ми трчаа по него. Моите две сестри. Кои животот ќи ми ги загуби. Долга приказна. Друга некоја приказна, за моите две сестри. Им ги видов солзите, додека трчаа по возот. Се стресов. Ќе се вратам, сакав да им кажам. Само тоа ми падна на памет. Ништо не реков. Не викнав. Секако дека ќе се вратам. Плачки едни, со години не се прибирам дома, сега ви текна дека само дванаесет месеци ќе ме нема. Тоа требаше да им го кажам. На тоа се сетив еден саат подоцна, додека се обидував да се смирам од нивната болка. Во четврт до полноќ отидов до вагон-ресторанот и купив шише рум.
Се вратив во купето и таму седеа двајца типови. Им се претставив. И тие мене. Шон и Семјуел. Сем. Од Ирска, рекоа.
– Одиш на некое страшно место? – праша Сем.
– Не, ништо страшно. Одам во војска.
– Видовме како те испраќаа, со солзи.
– Каде се качивте?
– Во Солун.
– Извинете, не сум ве забележал. – реков. Во Скопје.
– Солзливи ти беа очите – рече Шон.
– Од пиењето. Сакате рум?
– Друго и нема, нели другар?
– Нема, братчиња, а не знам и кога ќе има.
– Да наздравиме! – рече Сем.
– За десетина минути – реков.
– Зошто? – прашаа.
– Тогаш ми е роденден.
Пиевме молчејќи десетина минути, и потоа почнавме да надзравуваме. Ексавме. Рум за готвење. Најевтиното шише во вагон-ресторанот.
Дознав сè за нив, ги засакав. Биле по жени во Грција. Не се офајдиле. Едвај една дневно. Најмногу Англичанки.
– Бате, ебеш квантитет, само нека има добри цицки – рече Сем.
– Англиски се слатки, знаеш – ми рече Шон.
– Не знам, не сум пробал.
– Знаеш, Англичаните век ил’ два ни го дрват газот. Слатко е да им ги дрвиме жените, барем малку – рече Сем.
– Ќе да е појше од век ил’ два… – реков јас.
– Тоа е само израз, бате, само израз – рече Шон.
Го славевме мојот роденден до Белград. Шишето се испразни, и заспавме како вистински праведници. Пиеја добро Ирците, добро се држеа. Го прославивме мојот дваесетти роденден.

2018-08-21T17:20:41+00:00 септември 9th, 2015|Categories: Проза, Литература, Блесок бр. 100|