Пливање

159
160
161
162
163
164
165
166
167
168
169
170
171
172
173
174
175
175
176
177

Седевме во еден од оние неугледни но добри ресторани и пак јадевме. Тогаш се сетив да ѝ кажам за Мирта.
– Сакаш да одиме кај неа? – ме праша.
– Не знам…
– Ајде, да го допиеме шишево и тргнуваме – реши таа.
– И онака ни е последно. Немам ебан динар.
– Ми кажале дека не е добро да влезеш во касарна без пари. Можеби ќе треба да купиш некои работи таму.
– Нека, ќе се снајдам.
Ја столчивме храната, го доцицавме виното, и тргнавме кон Сигет.

Беа потполно вџашени кога им се трупнавме пред врата. Не знаеја што попрво да направат: дали да ме гушкаат мене, или да се запознаваат со Озана. Сето тоа им беше наложено од вообичаените норми на однесување. Тоа што јас и Озана не бевме вообичаени ги измести од место. Не, Мирта не беше дома. Ни Тања. Седевме со нивните родители и дробевме за книжевност. Божем ги интересираше. Едвај чекаа да станеме.

2018-08-21T17:20:41+00:00 септември 9th, 2015|Categories: Проза, Литература, Блесок бр. 100|