Пливање

159
160
161
162
163
164
165
166
167
168
169
170
171
172
173
174
175
175
176
177

Кога дојде некое пристојно време, околу пладне, ѝ се јавив на Озана.
– Доаѓам утре сабајле – ѝ реков.
– Ќе те чекам на станица.
– Ќе дојдам шишан.
– Ќе те познаам.

Околу пет попладне се собраа некои луѓе кај мене дома. Да ме испратат во ЈНА. Седевме и се обидувавме да се забавуваме. Килаво. Емили, мојата сестра од клупа, ми ја подбра косата во бањата. Најпрвин ми сплете дебела плетенка. Потоа некој ме фотографираше. Сите ја сакаа мојата долга коса. Ќе беше добро да ми беа старешини во војска. Но, не беа. Затоа јас се простив со косата уште утрината. Си реков, нема никој да ме касапи таму. Да се изживува на мене. Емили ги зеде ножиците и со неколку штракања сè беше готово. Потоа ме досуреди, јас се избричив, и бев токму за војска. Барем мене така ми се чинеше.
Во дневната соба, Гиш држеше предавања за тоа колку била војската непотребна и за тоа како ЈНА ги уништува луѓето. Како да влегов на сопствениот парастос. Татко ми почна да се запива, мајка ми беше потресена, сестра ми разнесуваше пијачки наваму-натаму. Ми дојде да излезам и да ги оставам во тоа блажено тагување. Емили ме фати за рака и ме внесе во собата. Реагираа патетично. Беа потресени. Божем косата ми беше била сржта на сето мое постоење.
– Кирца, сега комшиите нема да ме гледаат попреку – му реков на татко ми и седнав до него. Си наточив и ексавме. Очите му се насолзија. И моите сега.

2018-08-21T17:20:41+00:00 септември 9th, 2015|Categories: Проза, Литература, Блесок бр. 100|