Пливање

159
160
161
162
163
164
165
166
167
168
169
170
171
172
173
174
175
175
176
177

Ме чекаа на станицата, Турчинот и Марс. Немав поим како знаеле кога ќе дојдам. Не знаев ни дали воопшто знаеле каде сум. Сепак, убаво беше некој да ме пречека.
– Еј – им реков.
– Еј – рекоа.
– Стигнав јас.
– Убо – рече Марс.
– Брачед, шо наваму? – рече Турчинот.
Јебига, не ме чекале мене.
– Се прибирам. Вие?
– Чекаме едни плочи од Белград.
– Фино. Јас мислев мене ме чекате.
– Хе, не баш. Ама, одиме за Будимпешта утре, ај со нас.
– Шо има таму?
– Концерт на Боњие. Ни треба уште еден за да извадиме групна карта за воз.
– Не сум баш при пари…
– Ќе најдеме нешто – ми рече Турчинот. Мојот брат. Братучед. Брачед…
– Ти, море, не ојде војска? – праша Марс.
– Чекам покана деновиве.
– Пасошот ти го зедоја?
– Не, не ме ни прашаа за него.
– Утре тргнуваме во
– Сабајле?
– Ѕуп.
Ниедно време.

2018-08-21T17:20:41+00:00 септември 9th, 2015|Categories: Проза, Литература, Блесок бр. 100|