Поканата ме чекаше крај машината за пишување. 19 септември, пишуваше. Беше ниедно време. Сите спиеја. Отидов во кујната и најдов едно од шишињата на татко ми. Си наточив дупла и седнав пред машината. Надвор зазоруваше. Погледнав кон календарот. Беше 18 септември. Си ја погледнав косата. Ми беше до под градите. Сево ова утре ќе го нема, помислив, и косата, и машината, и нејзините фотографии на ѕидот, и самотното набљудување на зазорувањето. Утре, во оо ќе бидам во касарна „Маршал Тито“, Загреб, воена пошта ххххх. Ексав и си наточив уште една.