Ненапишана песна

/, Блесок бр. 77-79/Ненапишана песна

Ненапишана песна

Има обични животи, но сите љубови се необични
Едни поети пишуваат како што живеат
Ноќва, мила моја, пак низ градот шета пламен
Ненапишана песна
Прашалник
Невидливото, љубов, е преполно смисла
Нам повеќе ништо, љубов, освен љубовта не ни преостана
Кога не си со мене во Томај
Слеп беше прозорецот
Се случи среде бел ден

Невидливото, љубов, е преполно смисла.
Преполно со мирис на полско цвеќе кое,
со тивката смрт своја, ги крепи нашите души,
уморни како телата наши, во ова врело
августовско попладне, додека испотени
и задишани, неподвижни лежиме на постелата
која, до пред малку, ја нишаа силни бранови.
Од љубов заслепени, љубов, предвидовме
многу. Превидовме уште повеќе. Дождовите, кои
ги заменуваат сончевите денови. Мирот на самракот.
Есента на младешката разузданост. Тагата на сатирот…
Здивот мој врел го грее твојот врат, како во време
на долгите мразни ноќи. Во удвоената
самотија, зборот мој, и неизговорен, го отвора
сребрениот медалјон кој на тенко синџирче виси
меѓу твоите разголени дојки, во кој ја криеш
својата мала тајна. Божилакот над градот
кој не се гледа од темните облаци чад.
Во кој бели се ноќите, од пожари, а црни
се деновите, од умирања.

2018-08-21T17:20:58+00:00 август 1st, 2011|Categories: Поезија, Блесок бр. 77-79|