Ненапишана песна

/, Блесок бр. 77-79/Ненапишана песна

Ненапишана песна

Има обични животи, но сите љубови се необични
Едни поети пишуваат како што живеат
Ноќва, мила моја, пак низ градот шета пламен
Ненапишана песна
Прашалник
Невидливото, љубов, е преполно смисла
Нам повеќе ништо, љубов, освен љубовта не ни преостана
Кога не си со мене во Томај
Слеп беше прозорецот
Се случи среде бел ден

Ноќва, мила моја, пак низ градот шета пламен.
Шета како што низ тој град јас некогаш шетав.
Љубопитен, ѕирка и во најмрачните ќошиња.
Ги осветлува, драга, избезумените лица, кои,
со денови, претворени во ноќ, во непроѕирната темнина
на подрумот, долго се гледале, но не се виѓавале. Биле
само плашливо и нежно допирани и галени
со студените дланки. Запаметувани со меките јаготки
на измрзнатите прсти. Шета пламенот како освојувач и
ослободител истовремено. Неговиот триумфален
поглед ги леди срцата. Пред него, се згуснува мракот.
Мракот во кој мојата мајка, долго веќе само коска
и кожа, не се осмелува да се погледне во огледалото.
Во откршокот од огледалото кое црната темница, во неа и
околу неа, ја умножува. А која ја гушка страсно,
заштитнички, како мртов љубовник.

2018-08-21T17:20:58+00:00 август 1st, 2011|Categories: Поезија, Блесок бр. 77-79|