Ненапишана песна

/, Блесок бр. 77-79/Ненапишана песна

Ненапишана песна

Има обични животи, но сите љубови се необични
Едни поети пишуваат како што живеат
Ноќва, мила моја, пак низ градот шета пламен
Ненапишана песна
Прашалник
Невидливото, љубов, е преполно смисла
Нам повеќе ништо, љубов, освен љубовта не ни преостана
Кога не си со мене во Томај
Слеп беше прозорецот
Се случи среде бел ден

Има ноќи кога сум сам. Кога е небото
потполно црно. Без месечина и ѕвезди.
Кога е сè, заедно со мене, во прегратка
на непроѕирниот мрак. Кога не се гледа прст
пред око. Патот меѓу лозјата, кој
води до селските гробишта. Црвената ружа,
која ползи по ѕидот. Црниот грозд на чардакот
пред куќата… Кога ослепуваат прозорците.
Кога душата, џбарајќи, скита наоколу. И
кога молњата од ведро небо, како со остра
сабја, за кус миг ја расекува густата
темнина и над мене се укажува голем златен
прашалник.

2018-08-21T17:20:58+00:00 август 1st, 2011|Categories: Поезија, Блесок бр. 77-79|