Ненапишана песна

/, Блесок бр. 77-79/Ненапишана песна

Ненапишана песна

Има обични животи, но сите љубови се необични
Едни поети пишуваат како што живеат
Ноќва, мила моја, пак низ градот шета пламен
Ненапишана песна
Прашалник
Невидливото, љубов, е преполно смисла
Нам повеќе ништо, љубов, освен љубовта не ни преостана
Кога не си со мене во Томај
Слеп беше прозорецот
Се случи среде бел ден

Кога не си со мене во Томај, деноноќно те вајам,
среде градината, од кристално ведриот крашки воздух. …
Според помнењето на очите, кои долго те гледале и рацете,
кои долго те милувале. По помнењето на срцето, кое го
слушало пулсирањето на твоето и пулсирало со него
усогласено. По помнењето на душата, во која останале
неизбришливи траги на секое наше заедничко
смеење и плачење, радост и жалост. … Кога не си
со мене во Томај, деноноќно те вајам, среде градината,
од кристално ведриот крашки воздух. Во природна
големина и невидлива секому освен на мене.

2018-08-21T17:20:58+00:00 август 1st, 2011|Categories: Поезија, Блесок бр. 77-79|