Ненапишана песна

/, Блесок бр. 77-79/Ненапишана песна

Ненапишана песна

Има обични животи, но сите љубови се необични
Едни поети пишуваат како што живеат
Ноќва, мила моја, пак низ градот шета пламен
Ненапишана песна
Прашалник
Невидливото, љубов, е преполно смисла
Нам повеќе ништо, љубов, освен љубовта не ни преостана
Кога не си со мене во Томај
Слеп беше прозорецот
Се случи среде бел ден

Сонував песна: убава и цела.
Избрусена во кристална кугла. Отворен
кафез полн златно-есенска крашка
светлина. Во неа празнина со музичка
кутија во срцето. Шум на крилја од мртва птица
и подземни реки чии патишта ги открива
праменот магла кои кривули помеѓу
лозјата и осамените борови… Посегнав
по моливот, кој секогаш го имам при
рака, покрај зглавјето и се фатив за
него како оној кој се дави за тенка,
непостоечка сламка. Утрината се
разбудив со моливот в рака. Со зракче
сонце кој го осветлува вкрстувањето на линиите
на животот и смртта на мојата дланка. Со,
од ноќниот плускот, искапената круна
на големиот орев во окото. Со гугањето на гугутката
во увото… На сонот повеќе не се сеќавав.
Тоа беше уште една моја ненапишана
песна. Песна која, како и толку многу
луѓе, во градот во кој сум роден,
ја проголта ноќта.

2018-08-21T17:20:58+00:00 август 1st, 2011|Categories: Поезија, Блесок бр. 77-79|