Ненапишана песна

/, Блесок бр. 77-79/Ненапишана песна

Ненапишана песна

Има обични животи, но сите љубови се необични
Едни поети пишуваат како што живеат
Ноќва, мила моја, пак низ градот шета пламен
Ненапишана песна
Прашалник
Невидливото, љубов, е преполно смисла
Нам повеќе ништо, љубов, освен љубовта не ни преостана
Кога не си со мене во Томај
Слеп беше прозорецот
Се случи среде бел ден

Превод на македонски: Игор Исаковски
Од „Ненапишана песна / Nenapisana pjesma / An Unwritten Poem“, Блесок, 2011.

љубов е
ми рече
на љубениот да му се сошие и копче

со ноќи
помеѓу нашите средби
го слушаш чајковски
и попусто го вденуваш невидливиот конец
во уште поневидливата игла

полната месечина
се откина од сината кошула на утрото
и се стркала некаде под креветот

2018-08-21T17:20:58+00:00 август 1st, 2011|Categories: Поезија, Блесок бр. 77-79|