Ненапишана песна

/, Блесок бр. 77-79/Ненапишана песна

Ненапишана песна

Има обични животи, но сите љубови се необични
Едни поети пишуваат како што живеат
Ноќва, мила моја, пак низ градот шета пламен
Ненапишана песна
Прашалник
Невидливото, љубов, е преполно смисла
Нам повеќе ништо, љубов, освен љубовта не ни преостана
Кога не си со мене во Томај
Слеп беше прозорецот
Се случи среде бел ден

Нам повеќе ништо, љубов, освен љубовта
не ни преостана. Освен на стари денови
еден на друг да си ги лижеме незацелените рани.
Од мразот да се браниме со топлината на телото
и со наизменични врели здивови во тилот.
Со ставање дланка врз сите, па и срамните места.
Со бесрамност да ги мериме куражот и слободата.
Во изобличените, некогаш убави тела,
да го гледаме складот на животното искуство и зреење.
Врз палимпсестот на кожата, штавена со бројни милувања,
да го додадеме и својот, треперлив, ракопис. Тоа сè сме
повеќе ние, колку помалку на себеси некогашните
личиме. Глина која треба да се премеси за од неа
да се направи нов бардак. Бардак кој,
кога од него ќе го испиеме виното, до врв
ќе го исполни смртта.

2018-08-21T17:20:58+00:00 август 1st, 2011|Categories: Поезија, Блесок бр. 77-79|