Охридска поема

/, Блесок бр. 02/Охридска поема

Охридска поема

Предание за каменот
Заум
Средба со самовила
Женидба на Сонцето
Легенда за Чинарот
Оган над Канео
Предание за душата
Сончево семе
Предание за дождот

Сум вечерал со бога на вишни небеси,
сум го видел векот на бурата и дождот.
Во моето стебло има стара крв и моќ
на слободен роб. Некој волшебен меч.
Кога го вадам од корица на месечина
врагот се крие. Луѓето се будат од сон.
Гледам ли злато-зрачни бранови по езерото,
имам дар да сетам промена на времето.
Мојот дух е во тоа зелено дрво на животот,
умира и оживува со него секоја пролет,
секој ден се венчава со божици на љубовта.
Наследство е во кругови во него затворено
ако му пресечеш жила – си убил татко
ако му откинеш лист – си убил дете.
Слушајте, на ветер, круната му е харфа,
на залез е крв што гори – пламен што свети.
Душите на мртвите го хранат тоа свето дрво
и вразите на мојот народ од него се плашат.

АвторДушко Наневски
2018-08-21T17:22:16+00:00 април 1st, 1998|Categories: Поезија, Блесок бр. 02|