Охридска поема

/, Блесок бр. 02/Охридска поема

Охридска поема

Предание за каменот
Заум
Средба со самовила
Женидба на Сонцето
Легенда за Чинарот
Оган над Канео
Предание за душата
Сончево семе
Предание за дождот

Оној што прави замки за мојата душа
сковал сребрен прстен околу Белото езеро.
Вечерва не спијам, ми трепери мислата,
мора од вести ми влегува во сонот.
Демони ме демнат по трага од тага.
Ене и ангел што претскажува смрт,
ми носи пехар со горко црно вино
и венец од смил, жолт венец на мртвите.
цел живот јас пловам против струјата,
крикот на галебот ми е глас на вистината.
Името ми е знак – клуч на мојата судбина.
Запишат ли ми името во тајната книга,
ќе ми коват зло во ковница од зборови.
Но никој не може да ми ја уништи душата.
Ако ми измислат вина што се казнува со смрт,
побарајте ми ја душата крај ова Светло езеро.
Тогај ќе севне молња. Нов почеток во времето.
А кога ќе видите дага – небесна ѕуница,
тоа е знак дека се враќам во вечност.

АвторДушко Наневски
2018-08-21T17:22:16+00:00 април 1st, 1998|Categories: Поезија, Блесок бр. 02|