Охридска поема

/, Блесок бр. 02/Охридска поема

Охридска поема

Предание за каменот
Заум
Средба со самовила
Женидба на Сонцето
Легенда за Чинарот
Оган над Канео
Предание за душата
Сончево семе
Предание за дождот

Изгрева младо сонце. Езерото ја буди
светлината на душата.
Лош човек и на сонцето ќе му најде мана,
ќе рече барем – не свети ноќе.
Но овде луѓето од дамнина се плашат
од женидба на сонцето:
кој ќе ја издржи таа жега? Тој пекол,
кога ќе се родат илјадници нови сонца?
Кога водата во езерото ќе проклуча?
Сум мислел за таа легенда во овој град,
каде некогаш испловиле Аргонаутите,
Со музеи и икони постари од Лувр,
каде и ластовиците се пречекуваат со мартинки.
Во овој век – раскрсница без патокази,
опасно е да се игра играчка со сонца,
да се следи пат на некој безумник
што не чул за клучевите од езерото.
Овој предел е како одење низ бајка,
од една до друга тајна врата.

АвторДушко Наневски
2018-08-21T17:22:16+00:00 април 1st, 1998|Categories: Поезија, Блесок бр. 02|