Охридска поема

/, Блесок бр. 02/Охридска поема

Охридска поема

Предание за каменот
Заум
Средба со самовила
Женидба на Сонцето
Легенда за Чинарот
Оган над Канео
Предание за душата
Сончево семе
Предание за дождот

Високо над манастирот во карпите
во пејзажот прво ветар – потоа лудило на шумите.
Небесната стрела осветлува дрво со молња,
полета златно-сината птица на дождот.
Паѓаат огнени капки. Грми по небото
златната кочија на дождот.
Кога сонцето ќе загине над Црното езеро
да ослепиш на очи, да оглувиш за навек.
Во пештерата кај што ги лекувале лудите
трештат спили, летаат лилјаци во мрак.
Во глуво доба се мешаат машки и женски сили.
Прават свет брак. Оро на љубовта и плодноста.
Јас сум минал и жиг и страдање
се радувам на дождот, ми ја развева тагата.
Со сенките ми расте и опаѓа душата
додека да зазори, да видам бела светлина.
Огромни се небесата – а јас така мал
ловам од дождот песна, од капките бисер.

АвторДушко Наневски
2018-08-21T17:22:16+00:00 април 1st, 1998|Categories: Поезија, Блесок бр. 02|