Охридска поема

/, Блесок бр. 02/Охридска поема

Охридска поема

Предание за каменот
Заум
Средба со самовила
Женидба на Сонцето
Легенда за Чинарот
Оган над Канео
Предание за душата
Сончево семе
Предание за дождот

Лоткарот со чамец по Месечевото езеро
ене го иде. Доаѓа по мојата душа.
ѝ носи обетки од сребро и црн камен
на мојата тиха, мојата љубена невеста.
Душата е птица што може да одлета
кога спиеме, онаму каде што сонуваме.
Смртта нè одбира како безмилосна кралица
кога таа сака, како сенки во ноќта.
Мојата душа лета од место во место,
нигде да се скрие, нигде да се смири.
Кој ќе дочека да види на полноќ
месечев прстен среде езерото
ќе најде лек, ќе се спаси од смрт.
Врати ми се душо, бргу што побргу,
донеси ми вести, што виде по светот?
Виде ли небесни тајни, коњи во галоп,
невеста што пее и игра крај брегот?
Гледам се јавува нова зора на небото,
со неа ми се враќа и мојата надеж.
Лоткарот на бел чамец, во бела ноќ,
нема да ми ја донесе душата зад гората.

АвторДушко Наневски
2018-08-21T17:22:16+00:00 април 1st, 1998|Categories: Поезија, Блесок бр. 02|