Охридска поема

/, Блесок бр. 02/Охридска поема

Охридска поема

Предание за каменот
Заум
Средба со самовила
Женидба на Сонцето
Легенда за Чинарот
Оган над Канео
Предание за душата
Сончево семе
Предание за дождот

Млад месец над езерото,
водата стивнала како замислена.
Седиме крај брегот како зачарани
со мојата самовила. Слушам крилја,
трепети по телото, шепоти со гласот:
– Мојата љубов долетува со ветер,
донесува мирис од цвет на маслинка;
мајка ми е сега далеку, таму некаде,
во бескрајот на светлите височини;
јас не тагувам веќе по неа како ќерка,
далечината не може да нè оддалечи,
кога копнеам да те љубам тебе.
Над езерото се менат светлините,
јас ѝ велам исто, со таинствен глас:
– Небото, мојот лик на бескрајот,
на љубовта ѝ го дарувам;
но кога ќе пораснеш до моето чело,
ќе видиш две ѕвезди во тажни очи;
тогај ќе ти се пројасни
длабоката загатка на моето постоење.

АвторДушко Наневски
2018-08-21T17:22:16+00:00 април 1st, 1998|Categories: Поезија, Блесок бр. 02|