Охридска поема

/, Блесок бр. 02/Охридска поема

Охридска поема

Предание за каменот
Заум
Средба со самовила
Женидба на Сонцето
Легенда за Чинарот
Оган над Канео
Предание за душата
Сончево семе
Предание за дождот

Не е чудо што небото гори
– над Канео се јавува духот на сонцето.
Светол пламен го мине небесниот круг
кога сонцето се венчава со водите. Во воздухот
искрат зраци до залез над езерото.
Ене ги и рибарите. Во мрежи фатиле блесок.
Од дабови гранки палат свет оган,
пијат вино од бокал со бисерен венец,
пеат песни како при крштевање на дете.
Велат меч не се внесува во храм,
црквето ги брани од сеништа и зли дуси,
крилата риба да не им ископа очи. Ѕунат
по езерото нивните машки гласови.
Им реков, дајте ми и мене, сакам да пијам
од тој бокал вино со бисерен венец.
Да видам знаци за промена на времето
и јас да почнам да сонам бели соништа.
Од тој ум сум врзал седум до девет јазли,
за моќ во животот – пред смртта уште повеќе.

АвторДушко Наневски
2018-08-21T17:22:16+00:00 април 1st, 1998|Categories: Поезија, Блесок бр. 02|