Охридска поема

/, Блесок бр. 02/Охридска поема

Охридска поема

Предание за каменот
Заум
Средба со самовила
Женидба на Сонцето
Легенда за Чинарот
Оган над Канео
Предание за душата
Сончево семе
Предание за дождот

Ѕвон на камбана од цркве крај езерото,
од небото паѓа сончево семе на земјата,
Времето верно чека да процвета.
на секој крстопат, по секој селанец,
ќе ни рече, како преправен светец,
ист е патот на срцето и судбината.
Еден таков мудрец и јас овде сретнав,
ми кажа три мудрости што ги помнам:
никогаш, вели, немало толку страв
луѓето едно да мислат друго да зборат;
владеат во светот, рече, многу силници
погрешно облечени во човечка кожа;
пази се, вели, од сè е најлошо
човек да биде мртов пред својата смрт.
Го рече тоа мудрецот и си замина
со чест во зборот да личи кралство.
Знам дека денес духовен човек е смешен
„како риба што пасе со овци“.
Но, од него узнав што може духот
и дека зрачам – значи постојам.

АвторДушко Наневски
2018-08-21T17:22:16+00:00 април 1st, 1998|Categories: Поезија, Блесок бр. 02|