Деновиве ако не и утре

/, Блесок бр. 67-68/Деновиве ако не и утре

Деновиве ако не и утре

Тоалет
Есен во Скопје
Ветер и магла
Од сега, до засекогаш (На С.Н.И.)
Јас не сликам, јас водам љубов со платното
Меѓустаници
Решив – дефинитивно
Некои
Му се гледа алот

Паѓаат деца скејтери,
ќерамиди од есенски куќи.
Паѓаат плуканици. Белите гуми за џвакање
најубаво поцрнуваат врз плочките на тротоарите.
Паѓа слана, па сончева светлина, па магла.
Паѓаат пердуви од непреселници,
татковци и дедовци на ролерки,
безобразни пешаци на пешачки,
високи штикли на коленици.
Паѓаат листови на жени,
под стебла а врз кревети.
Сè паѓа: брезата и берзата
бербата и вербата, довербата.
Наскоро ќе падне првиот снег
а за некоj месец и последниот.
Потоа едно време нема ништо да паѓа.
И сè така, во круг, исто и најздодевно –
Јово на ново, Славе од Влае, од празно во бездна…
Сè додека не почнат да паѓаат првите грутки земја
врз твојот сандак под земја,
во некоја доцна, сончева есен во Скопје,
нималку различна од оваа.

2018-08-21T17:21:04+00:00 октомври 12th, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 67-68|