Деновиве ако не и утре

/, Блесок бр. 67-68/Деновиве ако не и утре

Деновиве ако не и утре

Тоалет
Есен во Скопје
Ветер и магла
Од сега, до засекогаш (На С.Н.И.)
Јас не сликам, јас водам љубов со платното
Меѓустаници
Решив – дефинитивно
Некои
Му се гледа алот

Веќе никого не рецкам.
Ќе го исклучам светилникот и ќе се
закотвам во моето семејно пристаниште.

Повеќето квази другари –
дволични, затворени, прикриени,
нека израснат во пријатели,

кои ќе стануваат сè подалечни и подалечни,
и на крајот одвај ќе се гледаат –
на површината на сред море.

И кога ќе ги видам со кренати раце,
нема да знам дали ми мавтаат
или само се дават.

2018-08-21T17:21:04+00:00 октомври 12th, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 67-68|