Деновиве ако не и утре

/, Блесок бр. 67-68/Деновиве ако не и утре

Деновиве ако не и утре

Тоалет
Есен во Скопје
Ветер и магла
Од сега, до засекогаш (На С.Н.И.)
Јас не сликам, јас водам љубов со платното
Меѓустаници
Решив – дефинитивно
Некои
Му се гледа алот

Бојата на кожата камелеонски
ѝ се прилагодува на средината
што наскоро ќе го опкружува –
а зошто да не, иловицата
има аристократски тен.

Ушите истенчени и опуштени
(небаре со години биле оковани
со оловни обетки)
ѝ одат во прилог на (не-мора-да-си-
доктор) дијагнозата од нога,
на минувачот снимач.

Ослабен и смален – како целата
содржина што се мавта околу
коските да сака да оди до коска.
Како да брза да биде (не коска
и кожа туку) само коска.

Косата (која коса?) откосена и
заземјена – од војничката капа,
од гените, смогот, лошата исхрана,
секојдневното шампонирање и кубење.

Влакната на телото депилирани
од триењето на сунѓерите, кошулите,
фармерките, креветите, ветерот, морето…

Брчки на лицето како цртежи во песок,
длабоки и виснати небаре втиснати
на имитација на кожа, на скај,
што лошо мириса и се првути
во зрнца прав, песок, земја.

Органи – многу. Глава со очи,
срце подзабавено но несмалено,
џигер и бубрези, образи, бузи…
И пенис, кој (за среќа или не)
не мора да е дигнат за
да ја оплоди земјата.

2018-08-21T17:21:04+00:00 октомври 12th, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 67-68|