Деновиве ако не и утре

/, Блесок бр. 67-68/Деновиве ако не и утре

Деновиве ако не и утре

Тоалет
Есен во Скопје
Ветер и магла
Од сега, до засекогаш (На С.Н.И.)
Јас не сликам, јас водам љубов со платното
Меѓустаници
Решив – дефинитивно
Некои
Му се гледа алот

Измести ме,
скрши ми го колкот!
Сакам да се клати куќава,
стенкањата да ја одлепат ламперијата.

Ене го Вардар се шири како магла,
додека вечерите пасат трева во паркот
и додека клупите подметнуваат газови,
а трчачите со дланки потпираат ѕидови.

Да си моја повторно веќе е неопходно.
Времето отшрафува мостови и зглобови,
парадира блех-оркестар во нашата соба,
конфети и корнети и оргазми ко букети.

Законот на гравитација – ма заебанција.
Летањeто е можно а паѓањето е прегратно.
А нашиот кревет? Па тој е вселената. И се
тресе кога меѓуножјата ни раѓаат соѕвездија.

Сè е кажано, напишано, нацртано, снимено…
На двајцата заедно и 180 г. не ни се доволно.
Сакам ова да потрае, да ми се дига и на 80
и да нè закопаат заедно, во едно легло.

Јас во тебе – ти гробна дупка а јас сандак.

2018-08-21T17:21:04+00:00 октомври 12th, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 67-68|