Деновиве ако не и утре

/, Блесок бр. 67-68/Деновиве ако не и утре

Деновиве ако не и утре

Тоалет
Есен во Скопје
Ветер и магла
Од сега, до засекогаш (На С.Н.И.)
Јас не сликам, јас водам љубов со платното
Меѓустаници
Решив – дефинитивно
Некои
Му се гледа алот

Некои се саркастични
за да ја прикријат добрината
која веќе одамна не е на цена.

Некои фолираат дека се фини
но гнилежот тешко се сокрива
и кога и да е, избива на површина.

Некои се чаталат ко страшила
а се плашат и од својата сенка –
нека се засенчат со постелнина.

Некои фаќаат на врева но опасни
се оние кои премолчуваат
дека можат и да убијат.

2018-08-21T17:21:04+00:00 октомври 12th, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 67-68|