Деновиве ако не и утре

/, Блесок бр. 67-68/Деновиве ако не и утре

Деновиве ако не и утре

Тоалет
Есен во Скопје
Ветер и магла
Од сега, до засекогаш (На С.Н.И.)
Јас не сликам, јас водам љубов со платното
Меѓустаници
Решив – дефинитивно
Некои
Му се гледа алот

Низ предградијата
изградени од сиромаштијата
со фасади од нефасадна цигла.

Дојденци од Дојдија,
дојдени за да избегаат
од она од што не се бега.

Депресија во прошетка,
од безработица до улица,
од мукает до немајкаде.

(Календари во кујни,
со голи жени или со икони –
и пред едните и пред другите
се крстат и се молат.)

Диви населби за припитомени луѓе
што таткото на општината ќе ги
скроти пред локалните избори.

Предградијата се само
меѓустаници – од внатрешноста
на државата до центарот на градот.

Но како што предграѓаните
се пробиваат до центарот,
така граѓаните бегаат од него.

Во новите, елитни предградија,
што им се само меѓустаници
на патот кон родната грутка.

2018-08-21T17:21:04+00:00 октомври 12th, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 67-68|