Дали си за еден лифтинг

/, Блесок бр. 47/Дали си за еден лифтинг

Дали си за еден лифтинг

Жената совозач
Дали си за еден лифтинг
Десет години пред
Луѓето кои постојано лелекаат
Ма пишувам јас на сè
Маглата не се гледа од сонцето
Сеедно – јас сите ги поздравувам
Три трудници на тулум
Учиме да јадеме

Твоето расположение ти е напишано на лицето
но со еден мал оперативен зафат на зборот
со една искрена широка насмевка отспротива
со еден охрабрувачки поттик на вистински пријател
со една мала шега со која грижата оди бестрага
може да ти се затегне лицето да ти се смали носот
и да ти засветкаат очите кои ти се на умирање –
излези од дома од таа повеќекатна гробница
и придружи ни се во групната терапија

тебе не ти треба психијатар
тебе ти треба карактерна шанкерка

2018-08-21T17:21:26+00:00 април 16th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 47|