Со лигавче и лажичка
па со нож и со виључка
(сркаме супа како да не е вкусна)
без мљацкање – со затворени усти
(ако зборуваш додека јадеш
ќе се ожениш за…)
исправени како воини
со весници под мишки
кршиме место да гриземе машки
рибата може со прсти
зашто има многу коски
но за јастог ни требаат клешти
(да јадеш со кинески стапчиња
е како да пишуваш хаику)
цел живот учиме да јадеме
и на крајот сеедно завршуваме
онака како што сме започнале
со лигавче и со лажичка
во полулежечка состојба
и со туѓа рака