Дали си за еден лифтинг

/, Блесок бр. 47/Дали си за еден лифтинг

Дали си за еден лифтинг

Жената совозач
Дали си за еден лифтинг
Десет години пред
Луѓето кои постојано лелекаат
Ма пишувам јас на сè
Маглата не се гледа од сонцето
Сеедно – јас сите ги поздравувам
Три трудници на тулум
Учиме да јадеме

Си ги одмеруваат стомаците
си ги погодуваат месеците –

онаа што сега излегува од WC
утре влегува во деветти

храната е вкусна
но се воздржуваат
би запалиле и цигара
но сопрузите негодуваат

три столчиња во три ќошиња –
каде и да седнат тие се во чекална

три блажени состојби
со нагон за повраќање
(повраќаа и лани – од текила и пива)

првата би сакала девојче
втората прво па машко

третата само што не екслодирала
”што и да е – само нека побрза”

се залажуваат дека се успешни
деловни жени
чија кариера ќе заврши со
пеглање пелени

всушност само уште малку
ќе бидат бремени
и дури потоа ќе станат докажани
успешни жени

2018-08-21T17:21:26+00:00 април 16th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 47|