Дали си за еден лифтинг

/, Блесок бр. 47/Дали си за еден лифтинг

Дали си за еден лифтинг

Жената совозач
Дали си за еден лифтинг
Десет години пред
Луѓето кои постојано лелекаат
Ма пишувам јас на сè
Маглата не се гледа од сонцето
Сеедно – јас сите ги поздравувам
Три трудници на тулум
Учиме да јадеме

Луѓето кои постојано лелекаат
се досадни и ги избегнуваш
како што знаеш и умееш

но тешко се избегнуваат луѓето
кои постојано лелекаат
(особено во ова време за лелекање)

некогаш тебе ти е од лошо полошо
и сакаш друштво безгрижно и весело
луѓе кои не оптоваруваат кога пропаѓаат

но лелекачите демнат зад секој агол
како маѓионичари излегуваат од клозетска
шолја кога попусто му се радуваш на празниот шанк

ене го – на единствената маса под сенка
па сега змија да те апне или магаре да ти го бапне –
подобро сонце во тил отколку во сенка со дебил

луѓето кои постојано лелекаат
можат понекогаш и искрено да те насмеат
но налет на такво смеење пред плачење

неволјата беспарицата се трагични
и доблест е да умееш да ги премолчиш
слава за сите кои се обидуваат да бидат безгрижни

тешко се избегнуваат луѓето кои лелекаат
но ако им се придружиш и залелекаш погласно од сите
ќе избегаат и во иднина панично ќе те избегнуваат

2018-08-21T17:21:26+00:00 април 16th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 47|