Две раце пред очи не се гледаат
ништо не се гледа во бестрага
сонцето е толку силно што го
стопи погледот на минувачката
страшна работа – да ти се неверува
а потоа две девојки запалија цигари
и се раздуваа како турски железничарки
потоа помина возот и ги згази шините
и се изгуби во чадот на погледот
чудна работа – да замижиш и да
продолжиш онаму каде што си
застанал пред да се разбудиш од
вревата и чадот на локомотивата
на клупа на перон на железничка –
ма во бестрага