Офелија, градинарка (избор песни)

/, Литература, Блесок бр. 149/Офелија, градинарка (избор песни)

Офелија, градинарка (избор песни)

ПОЕТЕСАТА ЗА МИГРАНТСКАТА КРИЗА
ПИШУВАМ НАМЕСТО СЕСТРА МИ
ДУШЕК
МОНОЛОГОТ НА ОФЕЛИЈА
НЕПРИГОТВЕН ГРЕВ
ЛЕТО ВО ГРЧ
ДОПИРИ
ТЕАТАР В КУЈНА
СЕМЕ
НОЗЕ
СВАДБА


ДУШЕК

го гледам татко ми

како од куќата во која израснал

на рамениците изнесува дебел, тежок душек

гледам како згрбавен го носи до контејнерот

душекот на кој му умреле

мајката, таткото и сестрата

додека испотен пали цигара, ми објаснува:

виде и самата, морав да го фрлам

не остана ништо од него

испуштил душа

а и онаа жолта дамка никако не можеше да се испере

АвторНиколина Тодоровиќ
2023-03-17T05:09:47+00:00 март 12th, 2023|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 149|