МОНОЛОГОТ НА ОФЕЛИЈА
ми се љуби –
како кога ќе доближам само што узреана смоква кон усните
ми се води љубов –
како кога морето ноќе ќе го заплисне песокот
и ќе го повлече со себе во мрак
ми се плаче –
како кога непозната жена на улица ми кажа
дека сум најтажното лице што некогаш го видела