Офелија, градинарка (избор песни)

/, Литература, Блесок бр. 149/Офелија, градинарка (избор песни)

Офелија, градинарка (избор песни)

ПОЕТЕСАТА ЗА МИГРАНТСКАТА КРИЗА
ПИШУВАМ НАМЕСТО СЕСТРА МИ
ДУШЕК
МОНОЛОГОТ НА ОФЕЛИЈА
НЕПРИГОТВЕН ГРЕВ
ЛЕТО ВО ГРЧ
ДОПИРИ
ТЕАТАР В КУЈНА
СЕМЕ
НОЗЕ
СВАДБА


ТЕАТАР В КУЈНА

четири виљушки

бараат четири лажици

извалкани со храна

на работ на работната површина

пловат две валкани шолји

во конфликт се на различни течности

од друга страна, една инка

чека низ неа да се пушти

некоја добра ракија

вака е напната и сама

цедалката во садоперот

нуди остатоци од блитва

и не е претерано забавна

една скромна тепсија

покажува траги на загореност

таа зборува најмногу за нас

две чинии и трета за секој случај

навестуваат:

ќе биде тоа тежок и гаден лет

АвторНиколина Тодоровиќ
2023-03-17T05:09:47+00:00 март 12th, 2023|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 149|