Офелија, градинарка (избор песни)

/, Литература, Блесок бр. 149/Офелија, градинарка (избор песни)

Офелија, градинарка (избор песни)

ПОЕТЕСАТА ЗА МИГРАНТСКАТА КРИЗА
ПИШУВАМ НАМЕСТО СЕСТРА МИ
ДУШЕК
МОНОЛОГОТ НА ОФЕЛИЈА
НЕПРИГОТВЕН ГРЕВ
ЛЕТО ВО ГРЧ
ДОПИРИ
ТЕАТАР В КУЈНА
СЕМЕ
НОЗЕ
СВАДБА


ЛЕТО ВО ГРЧ

заплеткани меѓу дотрајаните и испукани јажиња на бродот

се нишаме заедно на вознемирената површина на водата

галебот креска од карпата додека ја следи нашата борба

со силните струи на страста

додека летото во грч

слегува по скалите в море

ние се стискаме да не изгориме

како чокот на запуштено и обраснато лозје

и додека летото

во водата, заедно со сонцето,

низ лизгавите алги, заминува

ние и понатаму се воздржуваме од влажните молови

една во друга

да не слизнеме

АвторНиколина Тодоровиќ
2023-03-17T05:09:47+00:00 март 12th, 2023|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 149|