Николина Тодоровиќ

//Николина Тодоровиќ
Николина Тодоровиќ 2023-03-14T12:42:13+00:00

Project Description

Николина Тодоровиќ, родена 1995 година во Сараево. Завршилa средно музичко училиште во Сараево. Магистер по компаративна книжевност на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Сараево. Пишува поезија, проза, книжевна и филмска критика. Добитничка е на наградата „Мак Диздар 2021“ што ја доделува книжевната манифестација „Слово Горчина“ во Столац за најдобра прва необјавена стихозбирка. Нејзината приказна Слово влезе во потесниот избор за третиот регионален натпревар Живјети квир живот, кој го организира Квир Црна Гора. Нејзините песни се преведени на англиски, француски, руски и галски. Своите дела досега ги објавувала во различни домашни и регионални списанија и портали: Novi Izraz, Život, Lgbti.ba, XXZ, Bona, Strane, Nomad.ba, Libartes.rs, Kult, Affirmator… Моментално е дел на проектот Женска читална: Фабрика за книжевна критика, кој го организира Женскиот одбор на П.Е.Н.Центарот во БиХ, а во кој пишува книжевна критика за современи дела од регионални и светски автори. Таа е истражувач на проектот „Историја на квир животот во БиХ“, кој е организиран и раководен од Отворениот центар Сараево. На порталот Lgbti.ba редовно објавува колумни и извештаи од светот на квир културата и животот. Таа е задолжена за проектот кој се занимава со културата на антифашистичкото наследство, Тивки сведоци: заборавени споменици и изгубени гласови, кој го спроведува како дел од грантот Нови гласови на ИМЕП за граѓански новинари. Таа е една од уредниците на електронското списание Libartes.

Related Articles