ДУШЕК
го гледам татко ми
како од куќата во која израснал
на рамениците изнесува дебел, тежок душек
гледам како згрбавен го носи до контејнерот
душекот на кој му умреле
мајката, таткото и сестрата
додека испотен пали цигара, ми објаснува:
виде и самата, морав да го фрлам
не остана ништо од него
испуштил душа
а и онаа жолта дамка никако не можеше да се испере