Гримасите на јазикот

/, Блесок бр. 65/Гримасите на јазикот

Гримасите на јазикот

Сини слики на зелен штафелај
Мисли во месечевиот катамаран
Поголемо од сè
Зад маската
Од врвот на мигот
Назад преку спротивниот земјин пол
Забава со лингвистичка потрага
Ги броиме годовите на телото
Гримасите на јазикот

од сите скриени богатства на земјата
немоста и тишината се
меѓу најскапоцените…
птичји клун без ноти
адамово јаболко без црви
ушна школка на дното на океанот…

ова е самиот зачеток и семе
за раса различна од цвеќињата
закопани во црната почва…
превратот на проблемот предизвикува
испаѓање од историскиот терен
со артикулација која ја затвора границата на светлината…

кое волшепство ни дава да видиме
непознати пејзажи низ зборовите
како читаш лик потонат во музика
како толкуваш брчки врз остарена дланка?
каде замина животов
во сите други разврвени слики во боја
кои сонцето ги ослободува од својата рибарска мрежа
за да нè прикова на тотемскиот столб од сегашноста?

сè што ни ја истрелува сенката на отворена улица
или пали оган во ноќниот призор од сништа
таму надвор сè уште има гради
волни да го ослободат напливот од живот
и да се измешаат со твоите

АвторТристан Виндторн
2018-08-21T17:21:07+00:00 април 29th, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 65|