Гримасите на јазикот

/, Блесок бр. 65/Гримасите на јазикот

Гримасите на јазикот

Сини слики на зелен штафелај
Мисли во месечевиот катамаран
Поголемо од сè
Зад маската
Од врвот на мигот
Назад преку спротивниот земјин пол
Забава со лингвистичка потрага
Ги броиме годовите на телото
Гримасите на јазикот

за да го заборавиш јазикот на љубовта
ги пикаш прстите во стаклен сад
пред да си ја удавиш и бестежинската глава…
набргу си запален како дрво во шума
и мораш отсега па натаму да ги проучуваш и зјапаш во рибите
додека тие ги плетат своите мрачни мрежи
таму надвор каде шевовите можат да попуштат под сонцето…

зашто сè уште има сништа кои се случуваат во мракот
и исчезнуваат наместо да ги поништат законите на тежата
или да измислат пејзаж кој никогаш не си го видел
и каде секој планински врв покажува подмолна боја
која ги крие загарите скриени во текстот…
дури и во цвеќето вградено во буквите живее болка
а во одразите океанот се враќа кон вжарената планета…

само јаготките на лицето далечината може да се искапе
а нашите погледи да се затетерават кон повисокиот дрворед на искуството
во лов по сафирната светлина која ја оддувува ноќта…
дали земјата навистина е збиено женско тело
со дојки од летачки камења и дијаманти?
слушаме како нашето обично срце паѓа од нашиот дишечки мост во облаците
и зјапаме во месечината … лимено копче во црниот капут на ноќта

АвторТристан Виндторн
2018-08-21T17:21:07+00:00 април 29th, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 65|