Гримасите на јазикот

/, Блесок бр. 65/Гримасите на јазикот

Гримасите на јазикот

Сини слики на зелен штафелај
Мисли во месечевиот катамаран
Поголемо од сè
Зад маската
Од врвот на мигот
Назад преку спротивниот земјин пол
Забава со лингвистичка потрага
Ги броиме годовите на телото
Гримасите на јазикот

смртта е без логика и само круг
поставен надвор од друг за да ја одреди границата
на вжарената маса од нашите вулкански животи…

секоја мисла има свое јајце како скривалиште
за ѕвездите кои паѓаат и вежби од кои се крши врат
срцевината на нашите бесмислени скокови во опстанокот…

темната катедрала може лесно да биде преобразена во плодова вода
ослободена од месечевите растреперени прсти
како наплавено кон сите наши верижни загатки…

во лингвистичката потрага по нови слики
целта е она што може да нè спаси од нултата точка
додека јазот помеѓу брановите ги дави сите наши крици…

празнењето на животната енергија и вртењето на планетите
не се само лекови против спиење
туку и против звукот на стаклото кое ни ѕвони во грлото…

за да земеме голтка виножито од пазувите
и зелени фиданки да пораснат од очите на љубовниците
оваа куса приказна е издигната на повисоко рамниште?

види како човекот влече крило преку земјениот под
и војска црни чевли го остри работ на светот
надвор на мокриот асфалт лежи само прегазената месечина

АвторТристан Виндторн
2018-08-21T17:21:07+00:00 април 29th, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 65|