Гримасите на јазикот

/, Блесок бр. 65/Гримасите на јазикот

Гримасите на јазикот

Сини слики на зелен штафелај
Мисли во месечевиот катамаран
Поголемо од сè
Зад маската
Од врвот на мигот
Назад преку спротивниот земјин пол
Забава со лингвистичка потрага
Ги броиме годовите на телото
Гримасите на јазикот

кога бурата стивна
зад твоите слепоочници
огледален брод исплови од внатрешната маглина
плови исполнет со зборови
и делови од реченици од нашето сопствено време
дебели како синџири за сидро…

некои изрази може да ја задржат
’рѓата во проверката
и по неколку векови
пред да се пуштат од водата
и да потонат…
само контурите на твоите мисли
сè уште остануваат во огледалото на пишувањето
и ги носат нараснати бранови

АвторТристан Виндторн
2018-08-21T17:21:07+00:00 април 29th, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 65|