Гримасите на јазикот

/, Блесок бр. 65/Гримасите на јазикот

Гримасите на јазикот

Сини слики на зелен штафелај
Мисли во месечевиот катамаран
Поголемо од сè
Зад маската
Од врвот на мигот
Назад преку спротивниот земјин пол
Забава со лингвистичка потрага
Ги броиме годовите на телото
Гримасите на јазикот

помисли на растојанието помеѓу две човечки дланки
и на ноќно небо облечено во бели цветови каде само
птичјиот клун на месечината може да го колва семето…
помисли на светлосните години од меѓупланетарниот календар
со растојанија од кои контејнерот на мислите се урива…
па сепак земјината харфа ги прифаќа прстите на дождот
кога ќе удрат по жиците во прекрасниот прелудиум на тишината…

а мојата дланка ги следи сите прекрасни крајбрежја
за да се удави во твојот поглед или одново да го најде сончевиот пулс
кој нè носи преку секоја граница…
лизгаме низ крвната мрежа од ноти во самиот лавиринт на животот
каде нашиот здив трепери помеѓу мекото и јакото…
можеме да ја истераме светлината од тунелскиот отвор кој нè заслепува
потоа да го свртиме кормилото за да се насукаме на избледен брег…

слушај го ветрот и нашите крици кога морето се крши врз литиците
и морските состојки експлодираат во пена
воздушеста водена мрежа открива карневал под шминката…
сочноста на усните расте врз секоја гранка во џунглата
а под кората ветрените музичари седат и вежбаат
секој удар врз жиците и секој соголен нерв загубен во ѕунот
симбиоза од корален здив на взаемна сметка…

во градската џунгла пак љубовта може да биде змиски касај
не само удар во окото туку отров кој се шири низ пејзажот на месото
зашто човечкото суштество не секогаш ги знае сопствените ѕидови
ниту сопира во овие бескрајни сонливи движења
дури и надвор од досегот на погледот и во моралните речни корита…
па сепак сè се состои од слики отсечени од истата реалност

радиоактивно сокот се крева низ кората и кожата помешан со визии
слепена маса од копнеж трепери во крвавото прскање и навадените цветови
сè што тоне и се збира во баричка околу нашите нозе…
дали оваа дланка те допре пред да исчезнеш преку сртот
дали лисјата си ги покриваат ушите пред грмежно да удрат во тревата
дали непозната жена живее во срцето на секој маж?

гледај како животот се качува сè погоре кон галебовиот крик во главното едро
помеѓу твоите со кислород опиени гради и шакалот во твоето грло
како екстазата во јамата на слатките црешови цветови во следната генерација…
со семето како толкувач на мапи ќе ги освоиме новите и непознати овошки
сè уште дел од сончевиот систем кој засекогаш бега од себеси
како што секоја мисла е водомар преку своето небо

АвторТристан Виндторн
2018-08-21T17:21:07+00:00 април 29th, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 65|