Гримасите на јазикот

/, Блесок бр. 65/Гримасите на јазикот

Гримасите на јазикот

Сини слики на зелен штафелај
Мисли во месечевиот катамаран
Поголемо од сè
Зад маската
Од врвот на мигот
Назад преку спротивниот земјин пол
Забава со лингвистичка потрага
Ги броиме годовите на телото
Гримасите на јазикот

од врвот на мигот гледаме преку ништото
подобро е да воведеш возбудлив пејзаж во песна
и да го освежиш додавајќи боја…
темноцрвено сонце сè уште малку виси на крајот од пистата
каде полињата со цвеќе и жито се навалуваат кон морето
во овој смрзнат миг небото е потполно без облека
огромните плавни води стануваат око кое се тркала преку земјата
и во своите лутања со себе носи видливи мирудии…

тоа е солта која ја лижам и ја собирам со врвот на јазикот
од свиленкавата површина на твоите напнати дојки…
сега и мојот океан се крева измивајќи ги
бескрајните низи црвени бранови низ моите гради
додека тишината плива преку од сонце изгорените дланки
истата тишина која спие во лебот пред да го исечеш…
наскоро месечевите прсти ќе ја бараат паднатата планетарна овошка
не само по мовливото шумско тло туку помеѓу житната војска во полето
крута и подредена како скулптурите на Џакомети

креваш рамен камен … минијатурен вселенски брод
почувствувај го ветрот седи таму ги ниша нозете врз прастари дрвја
истиот ветер кој љубопитно ти ѕирка под фустанот…
овде ќе засадам диво цвеќе во секоја твоја пора
додека се припиваме еден кон друг како во филм на Фелини…
овде како слепи патници врз прашинката наречена Земја
каде се прашуваш што е она која ја вози оваа безгрижна машинерија
која одново полека ја пали светлината одозгора во големата црна сала за танц
не само што ти ги искри очите туку ја чувствува и зашеметеноста
која ги придружува нашите стремежи кон врвот од сребрената небесна скала
каде можам да ги чујам ѕвездите и твојата дланка како пее

АвторТристан Виндторн
2018-08-21T17:21:07+00:00 април 29th, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 65|